Barry Eitel
10 Мај 2018•Ажурирај: 10 Мај 2018
САН ФРАНЦИСКО (АА) - Цената на нафтата на меѓународниот пазар енормно порасна по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за повлекување на САД од меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма, јавува Anadolu Agency (AA).
Цената на суровата нафта Брент, која се смета за мерило на меѓународната цена на нафтата, се зголеми за 3,15 отсто и постигна рекордна вредност од 77,21 долари по барел.
Тоа е рекордно висока цена, уште повисока и од онаа во ноември 2014 година, кога дојде до енормно поскапување на овој енергенс поради кризата која во Ирак и Сирија ја предизвикаа терористите на ДЕАШ.
По потпишувањето на меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма, Иран во почетокот на 2016 година повторно стана голем извозник на нафта, што донекаде предизвика намалување на цената.
Администрацијата на американскиот претседател Трамп предизвика дестабилизација на пазарот со најавата за обновување на санкциите кон Техеран.
На американскиот пазар барелот нафта поскапе за 2,83 отсто.
Трговците стравуваат дека поради санкциите, понудата на нафта од Иран би можела да се намали и наскоро нафтата да достигне цена од 80 долари по барел.