Betül Yürük
10 Мај 2018•Ажурирај: 11 Мај 2018
ЊУЈОРК (АА) - Министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, Адел ал Џубеир изјави дека доколку дојде до продолжување на иранскиот нуклеарен договор, тогаш и неговата земја ќе набави нуклеарно оружје, пренесува Anadolu Agency (AA).
Џубеир даде изјава за телевизискиот канал Си-ен-ен (CNN), по повлекувањето на САД од иранскиот нуклеарен договор.
Џубеир изјави дека иранскиот нуклеарен договор „има недостатоци и не ја опфаќа иранската програма за балистички проектили“, додавајќи дека договорот не ја спречува иранската поддршка на тероризмот и не го спречува мешањето на Иран во земјите од регионот. Министерот Џубеир истакна дека целосно ја поддржуваат одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп.
Министерот Џубеир изјави дека во случај Иран да се врати кон нуклеарната програма, тогаш е потребно од договорот да се повлечат и останатите постојани членки на Советот за безбедност на ОН. На прашањето дали Саудиска Арабија планира да набави нуклеарно оружје, министерот Џубеир одговори: „Доколку Иран дојде до нивото да произведе нуклеарно оружје, тогаш и ние ќе го направиме она што е потребно, со цел да го заштитиме нашето население“.
Џубеир додаде дека е потребно да ѝ се стави крај на иранската испорака на балистички проектили за Хусите во Јемен.
Американскиот претседател Трамп завчера во Белата куќа изјави дека САД излегува од нуклеарниот договор со Иран и дека суспендираните економски санкции кон Иран од 2015 година повторно ќе ги заживее на најсилен можен начин.