Mahmut Atanur
16 Мај 2018•Ажурирај: 16 Мај 2018
ЏАКАРТА (АА) - Во напад на полициска станица на островот Суматра во Индонезија е убиен припадник на безбедносните сили, јавува Anadolu Agency (AA).
Сетјо Васисто, портпаролот на националната полиција, соопшти дека четири лица со долги ножеви ја нападнале полициската станица во градот Пеканбару.
Напаѓачите на влезот во станицата усмртиле едно, а раниле две лица.
Во интервенцијата на локалната полиција се убиени четворицата напаѓачи, а петтиот е фатен.
Во бомбашките напади извршени во недела и понеделник во Индонезија загинаа 13 цивили и 13 напаѓачи. За нападите е одговорна терористичката организација Џамаах Аншарут Дулах (JAD), поврзана со ДЕАШ.