Mahmut Atanur
10 Јануари 2020•Ажурирај: 14 Јануари 2020
ЏАКАРТА
Во индонезиската провинција Северно Малуку се почувствува земјотрес со интензитет од 5,3 степени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Агенција за метеорологија, клима и геофизика (BMKG) на Индонезија информира дека епицентарот на земјотресот се наоѓа 91 километар северозападно од градот Тобело, на длабочина од 23 километри.
Засега нема информации за евентуални човечки жртви или материјална штета.
Пацифичкиот Центар за предупредување од цунами не даде аларм за можност од цунами.
Амбон, главниот град на провинцијата Малуку, на 26 септември беше потресен од земјотрес со интензитет од 6,8 степени, при што животот го загубија 36 лица.