Gamze Türkoğlu Oğuz
17 Јануари 2018•Ажурирај: 17 Јануари 2018
СЕУЛ (AA) - Научниците објавија дека брокулата може да се користи во лекувањето на колоректалниот рак (рак на дебело црево).
Според агенцијата „Јонхап“ („Yonhap“), група научници од Националниот универзитет во Сингапур спровеле истражување за антиканцерогените пробиотици во брокулата.
Во истражувањето предводено од Чанг Метју Вук, откриено е дека преработените пробиотици го инхибираат развојот на ракот и го поттикнуваат повлекувањето на колоректалните клетки на ракот.
Во текот на процесот, мала органска молекула микрозиназа, била внесена во пробиотиците. Беше забележано дека овие пробиотици, што се поврзани со антиканцерогените супстанции глукосинолати, го инхибираат за 95 проценти размножувањето на клеточните линии на ракот на дебелото црево кај глушецот и кај човековите клетки, во лабораториска средина.
Деталите од истражувањето се објавени во „Nature Biomedical Engineering“.