İzzet Taskiran
13 Февруари 2018•Ажурирај: 14 Февруари 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - ИЗЕТ ТАШКИРАН - Аеродромите „Ататурк“ и „Сабиха Ѓокчен“ во Истанбул, во првиот месец од годината го користеа 7.949.992 патници, што е за 1.772.430 патници повеќе отколку во истиот период минатата година, јавува Anadolu Agency (AA).
Податоците од Дирекцијата на државната администрација за воздушен сообраќај (DHMI), до кои дојде АА, покажуваат дека бројот на патници во јануари на двата аеродроми значително се зголемил во споредба со истиот период минатата година, кога поминале 6.177.562 патници.
Аеродромот „Ататурк“ минатиот месец беше користен од страна на 5.247.975 патници, од кои 1.598.841 на летови во земјата, а 3.649.134 патници на меѓународните летови.
Во јануари, аеродромот „Сабиха Ѓокчен“ го користиле 2.702.017 патници, од кои 1.856.034 за домашните летови и 845.983 за меѓународни летови.
Првиот месец од 2018 година, на аеродромот „Ататурк“ беа реализирани вкупно 37.038 летови, од кои 11.113 домашни и 25.925 меѓународни летови.
Бројот на авиони што слетале или полетале од аеродромот „Сабиха Ѓокчен“ на домашни летови изнесува 11.790, а на меѓународните релации 6.524.
Минатата година во јануари овие два аеродроми регистрираа 48.185 слетувања и полетувања, додека оваа година оваа бројка се зголеми на 55.352.