Emin Avundukluoğlu
13 Февруари 2018•Ажурирај: 14 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Лидерот на турската опозициска Партија за национално движење (MHP) денес ги повика Соединетите Американски Држави (САД) да се држат понастрана од терористичката група ПЈД/ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
„САД мора веднаш да ги преиспитаат своите уништувачки и мрачни односи со терористичката група, и треба се држат понастрана од тероризмот“, изјави денес Девлет Бахчели пред парламентарната група на неговата партија.
Повикувајќи ги САД да ги одржат своите ветувања кои ги ѝ ги дале на Турција во борбата против терористите на ПЈД/ПКК, Бахчели изјави дека очекувањата на Турција од САД се „гласни и јасни“.
САД ги гледаат ПЈД/ПКК како сигурен партнер во борбата против ДЕАШ, и покрај противењата на Турција поради тоа што ПЈД/ПКК е сириски огранок на терористичката организација ПКК.
Осврнувајќи се на американското вооружување на ПЈД/ПКК и присуството на групата во Мунбич, северна Сирија, Бахчели додаде: „Крвавото оружје во рацете на терористите треба веднаш да се собере, сите терористи треба да се отстранат од Мунбич, а локалното население од Мунбич треба да се врати во своите територии“.
„Во спротивно, Турција ќе го стори она што е неопходно и ќе ги уништи сите терористички гнезда“, рече тој.
По тековната операција против терористите на ПЈД/ПКК во Африн, северозападна Сирија, во близина на сириско-турската граница, турските власти истакнаа дека ќе продолжат кон Мунбич, на исток.
Вашингтон изрази загриженост во врска со безбедноста на американските трупи во Мунбич како последица на тековната операција во Африн. Во Мунбич се наоѓаат околу 2.000 американски војници.
Бахчели нагласи дека ниту една земја не треба да ја потценува Турција, истакнувајќи: „Ние сме нација која илјада години ја полива оваа територија со својата крв. Ние сме турска нација“.
На 20 јануари Турција ја започна операцијата „Маслинова гранка“ со цел расчистување на терористите на ПЈД-ЈПГ/ПКК/КЏК и ДЕАШ од пограничното подрачје на Африн, северозападна Сирија.
Операцијата има за цел воспоставување на безбедноста и стабилноста долж турската граница и во регионот, како и заштита на сириското население од угнетувањето и суровоста на терористите.
Операцијата во Африн е во согласност со меѓународното право и резолуциите на Обединетите нации, особено на оние кои се однесуваат на борбата против тероризмот. Операцијата се спроведува со целосно почитување на територијалниот интегритет на Сирија.