Mümin Altaş
13 Февруари 2018•Ажурирај: 14 Февруари 2018
ЕРЗИНЏАН (АА) - Турскиот премиер, Бинали Јилдирим телефонски разговараше со неговиот грчки колега, Алексис Ципрас, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од премиерските извори, за време на телефонскиот разговор меѓу Јилдирим и Ципрас е изразена вознемиреност поради настанатите тензии во последниот период со Грција на Егејското море, и нагласено е дека се очекува Грција да преземе потребни мерки за намалување на тензиите.
Во разговорот двајцата премиери се согласиле дека доколку има потреба, ќе биде корисно да се одржи средба меѓу високите воени претставници на двете земји.
Покрај различните мислења телефонскиот разговор се реализираше во позитивна атмосфера. За време на разговорот е укажано на решавањето на прашањата преку дијалог и развивање на мерки кои ќе ја зголемат довербата.