Gökhan Ergöçün
22 Јуни 2021•Ажурирај: 23 Јуни 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Најголемата турска компанија во полето на одбранбената индустрија „Аселсан“ потпиша договор за извоз во вредност од 42,59 милиони евра (50,7 милиони долари), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Компанијата соопшти дека договорот е потпишан со меѓународен клиент.
„Согласно договорот, испораките ќе бидат реализирани во периодот 2023-2024 година“, истакнаа од компанијата.
Инаку, турската компанија „Аселсан“ е активна во областа на воените и цивилните телекомуникации, радарските системи, електронското војување, одбраната, оружјето, командната контрола и системите за навигација.