Safvan Allahverdi
29 Ноември 2017•Ажурирај: 29 Ноември 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот државен секретар, Рекс Тилесон, изјави дека западните земји можат да ѝ понудат повеќе поволности на Турција отколку Русија и Иран, јавува Anadolu Agency (AA).
„Иран и Русија не можат да му понудат на турскиот народ економски и политички бенефиции како што може да ги обезбеди Западната заедница на нации“, рече Тилерсон, без да наведе за какви бенифиции мисли.
Неговите забелешки доаѓаат неколку дена откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се состана со рускиот и иранскиот претседател Владимир Путин и Хасан Рухани во Сочи, на разговори во врска со судирите во Сирија.
Турција, Русија и Иран се земји-гарантори кои посредуваа во прекинот на огнот во Сирија минатиот декември, што доведе до мировни преговори во Астана, Казахстан, паралелно со мировните преговори за Сирија во Женева.
„Во однос на решавањето на сирискиот конфликт, нашите европски партнери мора да продолжат да бидат силни застапници за процесот во Женева предводен од ОН“, рече Тилерсон, додавајќи дека само тоа може да биде основа за обнова на Сирија и спроведување на политичкото решение кое не остава улога за режимот на Асад, неговото семејство и неговата влада.
Тилерсон, исто така, ја потврди посветеноста на Вашингтон кон заемните обврски за одбрана со членките на НАТО, велејќи дека САД ќе бидат први што ќе одговорат на каков било напад врз европските сојузник во рамките на взаемната одбранбена клаузула од членот 5 на НАТО.
Неговите коментари се насочени кон смирување на вознемиреноста, предизвикана од администрацијата на Трамп дека ќе излезат од сојузот, барајќи од европските членки да трошат повеќе на сопствената одбрана.
„Нашата порака до Европа е дека ништо не е изменето во смисла на нашата посветеност кон вас“, рече Тилерсон. „Истите вредности што нѐ поврзуваат сè уште постојат, а нашите односи со Европа во поглед на безбедносноста се обложени со челик“, додаде тој.