Eshat Fırat
29 Ноември 2017•Ажурирај: 29 Ноември 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските војници приведоа 23 Палестинци на Западниот Брег, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на израелската војска се наведува дека во акциите извршени на неколку локации на Западниот Брег, Палестинците биле приведени поради учество во терористички активности.
Се додава дека приведените лица се одведени на распит, а не се дадени дополнителни информации.
Меѓу илјадниците Палестинци сместени во израелските затвори има и неколку стотици малолетници.