Mesut Zeyrek
29 Ноември 2017•Ажурирај: 30 Ноември 2017
АЛТЕНА (АА) - Во германската покраина Северна Рајна Вестфалија, градоначалниот на општина Алтена, Андреас Холшајн беше нападнат со нож. Со навремената реакција на Ахмет Демир (27), напаѓачот беше неутрализиран, а градоначалникот Холштајн поминал со полесна повреда на вратот. Демир, кој по потекло е Турчин, во Германија е прогласен за херој, јавува Anadolu Agency (AA).
Синоќа, во ресторанот за донер, од страна на 56-годишен маж, со нож беше нападнат градоначалникот Холштајн, кој по лекарскиот третман во болница беше пуштен на домашно лекување.
Ахмет Демир заедно со својот татко Абдула Демир (59) во ресторанот што го водат, успеаја да го сопрат напаѓачот и да му го спасат животот на градоначалникот. За АА, Ахмет Демир изјави дека синоќа, околу 18.00 часот, додека заедно со татко му и мајка му работеле, во ресторанот влегол градоначалникот Холштајн.
Демир рече дека градоначалникот порачал два донера кои сакал да ги однесе дома. Започнале разговор, бидејќи се познавале од претходно.
„Десет до петнаесет минути подоцна, во ресторанот влезе напаѓачот. Влезе сосема нормално, не беше ниту во алкохолизирана состојба. Порача еден донер. Јас работев и во исто време продолжив да зборувам со градоначалникот. Градоначалникот рече дека требал да се види со претседателот, но средбата била одложена за друг датум. Кога напаѓачот го чу тоа, го погледна чудно и го праша дали е градоначалник. Градоначалникот рече: „Да“. Јас бев свртен со грб, а во моментот кога се свртев кон градоначалникот, напаѓачот го извлече ножот“, рече Демир.
- „Сакаше да му го пресече грлото”
Додека раскажуваше за моментот на нападот, можеше да се забележи дека Демир сѐ уште е потресен од настанот, истакна дека ножот на напаѓачот бил долг најмалку 30 сантиметри.
„Веднаш со левата рака го фати градоначалникот за врат, а со ножот во десната рака сакаше да му го пресече вратот. Градоначалниот во тој момент се обиде да се спаси, но ножот направи засек на неговиот врат во должина од 10 до 15 сантиметри. Тогаш викнав да се смират, но напаѓачот не ме послуша и повторно се обиде да му го засече вратот на градоначалникот. Тогаш го фатив напаѓачот за рака, за да го оддалечам ножот од градоначалникот. Татко ми штом ме чул, дојде за да помогне. Беше принуден да го фати ножот за сечилото, во обид да му го одземе на напаѓачот. Татко ми се повреди, си ја засече раката. Напаѓачот беше многу силен, во првиот момент не успеавме да му го одземеме ножот. Татко ми му го повлече прстот наназад, по што напаѓачот го пушти ножот од раката. Откако ножот падна на земја, го фатив напаѓачот за врат и тројцата продолживме да се бориме“, изјави Демир.

Демир во тој момент ја повикал мајка си, која отишла до полицијата, која се наоѓа на само десетина метри од ресторанот. „Мајка ми слабо зборува германски и на полицајците им рекла само „сече со нож“. Една жена полицаец веднаш трчајќи дојде во ресторанот и откако забележа дека ситуацијата е сериозна, го извлече револверот и го впери кон напаѓачот. Потоа пристигнаа уште неколкумина полицајци, по што сите заедно го неутрализиравме напаѓачот“, рече Демир.
Инаку, градоначалникот на Алтена, Холштајн е познат по својата позитивна работа насочена кон азилантите во покраината.
- Осуда од страна на Меркел
Премиерката на Германија, Ангела Меркел, заедно со другите политичари во земјата го осуди нападот врз градоначалникот Холшајн и му упати порака во која му посакува брзо заздравување.