Alma Çekovic
28 Јануари 2018•Ажурирај: 29 Јануари 2018
СТОКХОЛМ (АА) - Ингвар Кампрад, основачот и сопственик на познатиот светски произведувач на мебел, ИКЕА, почина во 91. година од животот, соопшти шведската компанија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од компанијата наведоа дека Кампрад починал во кругот на саканите во својот дом, во шведската покраина Смоланд.
Од ИКЕА наведоа дека Кампрад бил еден од најголемите претприемачи на 20. век.
Тој ја основал ИКЕА во 1943 година, како 17-годишно момче, што го направи еден од најбогатите луѓе во светот.
За време на Втората светска војна бил член на шведска политичка партија која ги поддржувала нацистите.
Во 1994 година е откриено неговото фашистичко минато, а во својата книга призна дека тоа било една од работите во животот поради која најмногу се срами.