свет

Земјотрес со јачина од 7,1 степени ја погоди Индонезија

Метеоролошкиот центар по силниот земјотрес од 7,1 степен даде предупредување за цунами, а го повлече околу два часа по потресот

Ayşe Doğru  | 15.11.2019 - Обновена : 15.11.2019
Земјотрес со јачина од 7,1 степени ја погоди Индонезија

ЏАКАРТА (АА) - Индонезиската покраина Северен Малуку ја потресе земјотрес со интензитет од 7,1 степен. По овој силен земјотрес во подрачјето следуваа уште 13 други потреси со интензитет над 5 степени, јавува Агенција Анадолија (АА). 

Според податоците на Метеоролошкиот завод на Индонезија (BMKG), градот Јаилола го потресол земјотрес со интензитет од 7,1 степен, по кој во регионот на провинциите Северен Малуку и Северен Сулавеси во последните 8 часа се почувствувани уште 13 други земјотреси со интензитет од 5 до 6,1 степен.

Метеоролошниот завод на Индонезија информираше дека по силниот земјотрес и последователните потреси продолжуваат набљудувањата, упатувајќи апел до населението да остане смирено и да ги почитува изјавите и соопштенијата дадени само од власта.

Метеоролошкиот центар по силниот земјотрес од 7,1 степен даде предупредување за цунами, а го повлече околу два часа по потресот.

Инаку, според првичните проценки во земјотресот што го потресе градот Јаилола, нема загинати или повредени, а во тек се активности за проценка на материјалната штета. 

Амброн, главниот град на провинцијата Малуку, на 26 септември го потресе земјотрес со интензитет од 6,8 степени во кој животот го загубија 36 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın