Mahmut Atanur
03 Декември 2019•Ажурирај: 04 Декември 2019
ЏАКАРТА (АА) - Оваа година природните катастрофи во Индонезија одзедоа 462 животи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на индонезиската Агенција за справување со катастрофи (BNPB), Агус Вибово, изјави дека во периодот 1 јануари - 2 декември на целата територија на државата се случиле 3.415 природни катастрофи.
Вибово информираше дека поради катастрофите, приближно 6 милиони лица биле принудени да ги напуштат своите домови и да се преселат. Тој изјави дека во катастрофите 462 лица ги загубиле своите животи, а 107 лица сè уште се водат како исчезнати.
Инаку минатата година во периодот 1 јануари - 20 декември беа доживеани 2.426 катастрофи, во кои животот го загубија 4.231 лице, претежно од земјотресот со интензитет од 7,5 степени што го потресе заливот Палу.
Индонезија се наоѓа во земјотресниот и вулкански појас наречен „Пацифички огнен прстен“. Во оваа земја годишно во просек се случуваат околу 6.000 земјотреси. Во исто време, земјата е под влијание на монсунските дождови, тропската клима и поројните дождови што паѓаат на територијата на целата земја, кои се причина за чести поплави во текот на годината.