Elena Teslova
03 Декември 2019•Ажурирај: 04 Декември 2019
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател, Владимир Путин, денес ги одобри амандманите на законот што дозволува лица да бидат означени како странски агенти, предизвикувајќи критики од активистите кои водат кампањи за слободата на говорот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според новиот закон, поединци кои добиваат финансиски средства од странство ќе можат да бидат окарактеризирани како странски агенти.
Законот беше најавен во 2017 година како одговор на одлуката на Соединетите Американски Држави (САД) за прогласување на телевизискиот канал RT, поврзан со Кремљ, како странски агент.
Со проширувањето на амбиентот на делување на законот, постојат стравувања дека тој ќе биде користен за таргетирање на критичарите.