Elena Teslova
19 Јуни 2019•Ажурирај: 23 Јуни 2019
МОСКВА (АА) - Поларна мечка, изгладнета и слаба, денес е видена во најсеверниот град на светот, предизвикувајќи сензација меѓу локалните Руси, но и проблем за властите.
Се смета дека женката поминала над 1.500 километри, иако нејзиниот природен делокруг во голема мера се простира главно во рамките на Арктичкиот круг, на толкава оддалеченост од градот Норилск.
Локалните еколози велат дека ова е првата мечка видена во индустријализираниот град за 40 години.
„Се очекува група експерти да пристигнат во Норилск да ја прегледаат мечката и да одлучат за нејзината судбина“, изјави за новинарите Андреј Коробкин, локален претставник за екологија.
„Доколку е потребно, на поларната мечка ќе ѝ биде пружена медицинска помош, а потоа или ќе биде вратена во дивината или ќе се однесе во зоолошка градина“, додаде тој.
Екологистите предупредуваат дека глобалното затоплување, поточно топењето на арктичкиот мраз, ги ставило поларните мечки во ризик од исчезнување.
Намалувањето на арктичкиот мраз има исклучително негативно влијание врз секојдневниот живот на поларните мечки, принудувајќи ги да се движат подалеку за храна и лишувајќи ги од нивните природни места за живеење.