Hatice Özdemir Tosun
20 Јуни 2019•Ажурирај: 23 Јуни 2019
АНТАЛИЈА
Хатиџе ОЗДЕМИР ТОСУН
Во околината на турскиот град Анталија, кој е едно од најзначајните туристички дестинации во светот, во подрачјето на местото Дошемеалти постои шумски предел богат со водопади кои ги воодушевуваат туристите со својата несекојдневна убавина.
Во пределот на Екшили се наоѓа водопад кој од висина од околу 50 метри тече кон езерцето Екшили.

Водопадот е место на кое локалното население во летните месеци оди да се разлади, а истовремено е извонреден простор за љубителите на фотографија.
Управителот на околината Екшили, Ибрахим Алдемир, за АА изјави дека водопадот поседува уникатна убавина.
Велејќи дека регионот се нарекува „скриен рај“, Алдемир продолжи со зборовите „Тука една неоткриена убавина очекува да биде разбудена. Локалното население ужива во оваа убавина, но потребно е таа да биде видена и од страна на странските и домашните туристи. Поседува извонредна визуелност и би било многу добро доколку се популаризира и од туристички аспект.“
Алдемир рече дека локалното население се грижи за околината, додавајќи дека ниту жителите на Анталија не се многу запознаени со убавината скриена во шумата.
Тој наведе дека секој кој имал среќа да го открие водопадот, лесно не може да се откаже од него. „Оној кој еднаш дошол тука и ја видел оваа убавина, повторно доаѓа“, рече Алдемир.
- „Во август луѓето тука чувствуваат студ“
Како едно од местата кои треба да се посетат за време на престојот во Анталија, шумскиот предел на Екшили, покрај прекрасните водопади и убавите глетки што ги формираат потоците што минуваат низ шумата, со тишината и спокојот што го нудат се место на кое локалното население се разладува во летните месеци. Целиот локалитет во летните месеци, дури и во август, кај луѓето создава чувство на студ.