Ömer Ürer
18 Септември 2022•Ажурирај: 19 Септември 2022
ДУЗЏЕ (АА) – Виена Камарота (73), која од Венеција, Италија, пеш тргна кон Пекинг, Кина, одмора во Дузџе, Туркије, јавува Агенција Анадолија (АА).
Камарота тргна по стапките на италијанскиот истражувач Марко Поло, и пропешачи низ 15 држави, а има намера да помине 22.000 километри од Европа до Азија.
Таа моментално се наоѓа во Туркије, а во Дузџе посети голем број знаменитости, меѓу кои и античкиот град Хипиум.

Во изјава за АА, Виена Камарота рече дека тргнала на ова патешествие оваа година, а планира да стигне до одредиштето во 2025 година.
„На патувањето тргнав по стапките на Марко Поло. Тргнав земајќи ја предвид трговската и историската важност. На рутата има многу историски знаменитости од периодот на Римската Империја. Една од моите цели е да ги видам тие знаменитости. Сметам дека Туркије е многу убава. Луѓето се гостопримливи. Ме потсетуваат на луѓето од подрачјето каде што живеам“, рече Камарота.

Нејзиното одредиште е Пекинг.
„Имам намера да ја завршам оваа рута во рок од три години. Кина е многу голема земја и сакам да ги посетам и другите градови. Сакам да го посетам и градот Ксиан и да ги видам фигурите на војниците“, изјави Камарота.
Таа е импресионирана и од културното наследство во Дузџе, особено од римскиот период.