Gamze Türkoğlu Oğuz
02 Јануари 2018•Ажурирај: 03 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Судот во Тајван донесе одлука за исплата на околу еден милион долари надомест на мајка во случајот во кој таа поднела тужба против својот син за да ѝ ги врати трошоците дадени за школувањето по стоматологија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според BBC (Би-би-си), синот стоматолог, против кого е поднесена тужбата, потпишал договор во кој се обврзал дека ќе ѝ дава на мајка си 60 отсто од месечната заработувачка, откако почнал да работи во 1997 година.
Се наведува дека нејзиниот постар син, со кого мајката Лу имала сличен договор, бил лојален на договорот, додека нејзиниот помлад син одбил да ги отплаќа трошоците на мајката дадени за школувањето.
Врховниот суд на Тајван пресуди дека мајката која го тужела својот син е во право и договорот е валиден, а дека синот стоматолог треба да ѝ исплати на мајката надомест од околу еден милион долари.
За време на судењето, синот Чу тврдел дека растот и развојот на децата не треба да се смета преку парите и дека договорот потпишан на 20-годишна возраст не треба да се смета за валиден.
Чу, исто така, тврдел дека многу години по неговото дипломирање работел во стоматолошката ординација на својата мајка, и дека овозможил неговата мајка да заработи повеќе од сумата за која е донесена одлука да ѝ ја плати.
Инаку, мајката Лу потрошила 1.7 милиони долари за школување на нејзините двајца синови, откако се развела.