Admir Fazlagic
24 Декември 2017•Ажурирај: 25 Декември 2017
СКОПЈЕ (АА) - Во рамките на прославата на Нова година, во центарот на Скопје се одржа „Дедомразовска трка“, која ја организираше здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ со поддршка на Град Скопје, јавува Anadolu Agency (AA).
Традиционалната Дедомразовска трка, во која учесниците беа облечени во костуми на Дедо Мраз, започна во паркот „Жена-борец“, од каде учесниците ја истрчаа патеката во должина од два километра.
Од страна на организаторот доделени се пригодни награди.
Во трката можеше да учествува секој без ограничување според возраста, а децата беа придружувани од родител или старател.
Настанот е проследен со пригодна музичка програма.