Yahya Sezgin
19 Декември 2017•Ажурирај: 20 Декември 2017
МУС (AA) - ЈАХЈА СЕЗГИН - Рибарот Јасин Севинч од турскиот град Мус своевремено спаси две мали верверици, а ие сега се негови верни следбеници и ги развеселуваат купувачите во рибарницата, пишува Anadolu Agency (AA).
За време на посетата на роднините во село пред пола година Севинч под дрво пронашол млади покрај загинатата мајка. Ги земал и ги однел во град.
Животните бргу се спријателиле со рибарот кои им дал имиња Хајдар и Мерал, а ги хранел со млеко и лешници.
Малите верверички набргу ги освоиле срцата и на другите вработени и муштерии на рибарницата и пазарот каде работи Севинч.
„Вервериците станаа главна тема во продавницата. Купувачите првин се внимателни бидејќи помислуваат дека се работи за глувци, а веќе втор пат кога доаѓаат носат лешници или нешто друго да им дадат. Сите ние ги засакавме, но на лето повторно ќе ги вратам во природа во селото во коешто ги пронајдов", рече Севинч.
Тој пред две години пронашол верверица заглавена во снег, а по одредено време ја пуштил во шума по доаѓање на летото.
Трговецот Хасрет Булут рече дека секој слободен час го поминува хранејќи ги и забавувајќи се со вервериците. И тој е согласен со идејата вервериците да се вратат во природа, но тоа да го направат кога ќе помине зимата.
Купувачот Давут Четинкаја за АА рече дека е изненаден од глетката кога видел дека вервериците скокаат по рибарот Јасин.
„Видов сешто, луѓето хранат риби во аквариум, птици, кучиња и други животни, но не верував дека и верверица може да биде вака питома", рече Хасан Фахри Тан, уште еден од посетителите на рибарницата.