живот

Во Белгија продаден гулаб по рекордна цена од над милион евра

На аукција одржана во Белгија, еден гулаб е продаден за 1 милион 252 илјади евра

Ata Ufuk Şeker  | 18.03.2019 - Обновена : 20.03.2019
Во Белгија продаден гулаб по рекордна цена од над милион евра

БРИСЕЛ (АА) - Најскапиот гулаб во светот е продаден за 1 милион 252 илјади евра на аукцијата што се одржа во Белгија.

Според локалните медиуми, на интернет-аукцијата, гулабот мажјак фламанец по име Армандо, бил продаден за 1 милион 252 илјади евра.

Петгодишниот гулаб поштар, којшто има освоено првенства на натпревари во летање на долго растојание, бил купен од страна на Кинез.

Купувачот нема да учествува на натпревари со најскапиот гулаб на светот, туку ќе го користи само за добивање потомство.

Во Белгија, на аукција одржана во 2017 година, гулаб беше продаден за 400.000 евра.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın