Halil Fidan
06 Октомври 2016•Ажурирај: 07 Октомври 2016
ГАЗИАНТЕП/АЛЕПО (АА) – ХАЛИЛ ФИДАН
Ерменското семејство, кое беше спасено од терористичката организација ДАЕШ за време на операцијата „Штитот на Еуфрат“ во Џaрабулус, се радува на враќањето на старите денови, јавува Anadolu Agency (AA).
Животот во Џарабулус се врати во нормала, откако беше исчистен од ДАЕШ во рамките на операцијата „Штитот на Еуфрат“, која започна на северот на Сирија, предводена од Сириската слободна армија, а помогната од Турските вооружени сили, силите на заеднички специјални мисии и коалициските воздухопловни сили.
Населението, кое беше намалено на три илјади жители, додека градчето беше под контрола на ДАЕШ, сега е пораснато на 25 илјади. Народот почна да му се враќа на социјалниот живот.
Конечно здивнаа едни од најпогодените жители на Џарабулус, ерменецот Артин Адурјан (79) и неговата братучетка Сирон Чилингирјан (64), откако регионот беше ослободен од ДАЕШ.
Кројачот Адурјан и докторката Чилингирјан, со цел да не бидат протерани од својата земја и да не бидат мачени, склучија формален брак, при што ја променија и својата вероисповест и своите имиња во Јакуп и Фатма.
Семејството со месеци се плашеше да излезе од својот дом, но по завршувањето на операцијата „Штитот на Еуфрат“, тие се спокојни што им се вратија на стариот ред и нивната професија. Адурјан и Чилингирјан им се благодарни на Република Турција, како и на Сириската слободна армија, што им го овозможија тоа.
- „Ова е моја татковина“
Во изјава за АА, Артин Адурјан, напоменувајќи дека е роден и израснат во Џарабулус, како и дека многу го сака ова место, рече:
„Ова е моја татковина. Тука пораснав, се оженив, како да одам. Сите останати роднини се во Германија. Само ние сме тука. Кога дојдоа ДАЕШ, рекоа: ’ќе си одиш од овде’. Со помош на познанства останавме тука и го правевме она тие што ни кажеа. Колку и да беше тешко, издржавме. Сега си ја добивме слободата. Можеме да кажеме дека им се вративме на старите радосни денови. Им благодариме на сите за својот труд. Членови на Сириската слободна армија доаѓаат, за да ме прашаат како сум, понекогаш ни’ даваат и џепарлак. Рибата на суво не може да живее, така и јас, ако излезам надвор од Џарабулус ќе умрам“.
- „Многу тешкотии поминавме“
Сирон Чилингирјан, која пред неколку години се омажила во Либан, по смртта на сопругот се вратила во Џарабулус. Поради тоа, што овде нема никого, таа се сместила кај својот братучед, Адурјан.
Во својата изјава за АА, таа рече: „Кога дојдоа ДАЕШ, рекоа: ’не може вака да живеете’ и мене ме однесоа кај соседите, по што еден од нив сакаше да се омажи со мене. Јас не прифатив. Зборував со братучед ми и му реков дека треба да се венчаме, за да го решиме овој проблем, така и направивме. Од нас побараа да ја смениме вероисповеста, прифативме. И имињата си ги променивме. Тие сакаа да ја снимаат венчавката, ама јас не дозволив. Но, снимиле тајно, а снимката ја ставиле на интернет. Ми беше многу тешко, кога ова го видоа мојата ќерка и блиските роднини. Не можам да објаснам што се преживеав. Многу тешкотии поминавме. Фала му на Господ, откако отидоа овие, здивнавме. Слободна сум да излегувам надвор, можам да одам во чаршија. Многу сме среќни, си ги вршиме молитвите. А најважно е што сме слободни. Многу ја сакам Турција, му благодарам на Реџеп Таип Ердоган, што не спаси од канџите на овие злосторници. На небото постои Господ, а на земјата Ердоган. Колку и да му се заблагодаруваме нему, малку е“.