Gökhan Ergöçün
04 Септември 2019•Ажурирај: 05 Септември 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Турската министерка за трговија, Рухсар Пекџан, најави финансиски пакет за турските извозници во вредност од 256 милиони турски лири (45 милиони долари), пренесува Anadolu Agency (AA).
„Здружението на турски извозници и „Турк Ексимбанк“ потпишаа протокол за финансиски пакет“, соопшти преку Твитер турската министерка.
Таа истакна дека финансискиот пакет ќе биде наменет за извозниците, со ниски каматни стапки.
Од нејзиното основање во 1987 година, „Турк Ексимбанк“ (Turk Eximbank) продолжува со пакетите за кредити поврзани со извозот, потрошувачки кредити, кредитно осигурување и програми за гаранција насочени кон развојот на економските и политичките врски на Турција со другите земји.