Furkan Naci Top
05 Септември 2019•Ажурирај: 06 Септември 2019
АТИНА (АА) - Стапката на невработеност во Грција во јуни 2019 година изнесуваше 17 отсто, бројка која е најниска во споредба со истиот месец во последните осум години, пренесува Anadolu Agency (AA).
Управата за статистика на Грција (ELSTAT) ги објави податоците за вработеноста во месец јуни 2019 година.
Според сезонски приспособените податоци, во Грција има 805.115 невработени.
Сезонски приспособената стапка на невработеност во јуни изнесуваше 17 отсто.
Оваа стапка е најниска стапка на невработеност од мај 2011 година досега.
Од друга страна, стапката на невработеност кај лицата од возрасната група од 15 до 24 години изнесува 35,5 отсто.
Грција има највисока стапка на невработеност во Еврозоната.