Турција, економија

Турција и Либија склучија договор за зајакнување на трговските и економските врски

- Турската министерка за трговија, Рухсар Пекџан, изјави дека Турција и Либија потпишале меморандум за разбирање (MoU) за зајакнување на трговските и економските врски

Tuba Şahin  | 13.08.2020 - Обновена : 15.08.2020
Турција и Либија склучија договор за зајакнување на трговските и економските врски

АНКАРА

Турската министерка за трговија, Рухсар Пекџан, изјави дека Турција и Либија потпишале меморандум за разбирање (MoU) за зајакнување на трговските и економските врски, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Договорот ќе ги постави темелите во решавањето на тековните проблеми меѓу турските фирми и либиските работодавци, поставувањето нови инвестиции и преземањето нови проекти“, рече Рухсар Пекџан на состанокот што се одржа во главниот турски град Анкара.

Пекџан потсети дека некои договорени проекти преземени од турските компании во Либија неодамна биле прекинати.

„Постоеше некоја несигурност во однос на извршувањето на овие проекти, а турските компании имаа останати средства во нив“, изјави таа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.