Турција, Коронавирус

Аеродромот „Истанбул“ прв ќе добие глобална здравствена акредитација

- Аеродромот „Истанбул“ стана прв аеродром во светот кој ќе добие нова здравствена акредитација од Меѓународниот совет на аеродроми (ACI)

Tuba Şahin  | 13.08.2020 - Обновена : 15.08.2020
Аеродромот „Истанбул“ прв ќе добие глобална здравствена акредитација

АНКАРА

Аеродромот „Истанбул“ стана прв аеродром во светот кој ќе добие нова здравствена акредитација од Меѓународниот совет на аеродроми (ACI), јавува Агенција Анадлија (АА).

„Му честитаме на „Истанбул“ што е прв аеродром кој ќе биде акредитиран преку нашата нова Програма за здравствена акредитација на аеродромите, што демонстрира дека тој е фокусиран на здравјето и благосостојбата на патниците, персоналот и јавноста“, изјави генералниот директор на Меѓународниот совет на аеродроми, Луис Фелипе де Оливеира.

Де Оливеира нагласи дека авиоиндустријата бргу се приспособила на новата реалност од пандемијата на Ковид-19, воведувајќи нови правила засновани на глобално конзистентни протоколи.

„Ова ќе биде клучно, бидејќи нашата индустрија повторно ќе започне и потоа ќе се подготви за одржување на континуирано работење, обезбедувајќи им на патниците и вработените високи глобално признати стандарди за здравство и хигиена, што ќе помогне да се врати довербата на јавноста во воздушниот сообраќај.“

Програмата за здравствена акредитација на аеродромите им помага на аеродромите со проценка на новите здравствени мерки и процедури воведени како резултат на пандемијата на Ковид-19.

Истражува чистење и дезинфекција, физичко растојание, заштита на персоналот, физички распоред, патнички комуникации и патнички простории.

Извршниот директор на ИГА-операторот на аеродромот „Истанбул“, Кадри Самсунлу, изјави дека сертификатот е важен за да се осигураат дека авијациската индустрија е во најдобрата можна позиција за поддршка на силно закрепнување во блиска иднина.

„Акредитацијата е доказ што покажува поголема подготвеност за градење доверба на патниците“, додаде Самсунлу.

„Имајќи предвид дека аеродромот „Истанбул“ е глобален центар во светот, доделувањето на сертификатот „Здравствена акредитација на аеродромите“ е доказ дека нашите мерки се според меѓународните стандарди“, нагласи тој.

Оливие Јанковец, генерален директор на Меѓународниот совет на аеродроми за Европа, рече: „Со голема гордост забележуваме дека првиот аеродром што ќе стане акредитиран е европски - како одраз на желното усвојување на новиот фокус на здравјето на патниците, меѓу аеродромите низ нашиот регион.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.