Admir Fazlagic
28 Февруари 2018•Ажурирај: 01 Март 2018
СКОПЈЕ (АА) - Делегација на Кралството Саудиска Арабија, предводена од почесниот конзул на Република Македонија во Џеда, Абдулах Ал Наваисер, денеска оствари работна средба со претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и со претставници на компании-членки на Комората со кои разговараа за можната бизнис соработка, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, рече дека средбата се одржува на иницијатива на амбасадорот на Макеоднија во Саудиска Арабија Абдулкадир Мемети. Азески потсети дека пред шест месеци комората формирала клуб на извозници, од кој пререснал клубот за соработка со Блискиот исток.
„Нашата тенденција е да ги отвориме пазарите со Блискиот исток, затоа што нивото на размена со ЕУ го достигнува својот врв од околу 70 проценти. Работиме долго време на тоа. Саудиска Арабија би била значаен партнер во тоа, особено што размената со нејзе е на особено ниско ниво, околу 10,7 милиони долари, што значи дека постојат големи можности. Ние ги детектираме тие можности во кој правец треба да бидат и како да помогнеме и во кој правец да дејствуваме", рече Азески.
Додаде дека Стопанската комора долго работи на тоа да има свои претставништва на Кувајт, Ирак и Оман и дека тоа за брзо време ќе биде официјализирано отворањето на претставништвата.
Азески информираше дека на денешната средба со колегите од Саудиска Арабија, се анализираат можностите за бизнис соработка со оваа држава, бидејќи како што рече тој, Саудиска Арабија е лидер во нафтата и нафтените деривати, се отвора нов паза потребен за производите од Македонија, а како први дејности кој ќе бидат истакнати се прехрамбената индустрија, фармацевсската и хемиската индустрија.
Почесниот конзул на Македонија во Саудиска Арабија Абдула Ал Нувајсер во изјава за медиумите рече дека делегацијата од Саудиска Арабија во Македонија престојува веќе три дена каде ги разгледува можностите за инвестирање.
„Нашата делегација се состои од лидери и извршни директори на компании кои дојдоа тука да побараат можности и да разговараат за можна соработка. Верувам дека овој состанок ќе доведе до создавање на иницијативи и мостови помеѓу двете деловни средини, на Саудиска Арабија и на Македонија и се надевам дека овој состанок ќе биде доста плодотворен", рече Ал Навајсер.
Делегацијата на бизнисмени од Саудиска Арабија, денеска беше примена и од премиерот Зоран Заев и претседателот на Собранието Талат Џафери.