AP
07 Март 2018•Ажурирај: 08 Март 2018
БЕРЛИН (АА) - Германската министерка за економија, Бригит Циприес, изјави дека ситуацијата во врска со планот на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе царина на увозот на челик е сериозна, и додаде дека Германија е во постојани консултации со останатите членови на ЕУ по тоа прашање, пренесува Anadolu Agency (AA).
Циприес денес рече дека ЕУ ќе биде подготвена да реагира на соодветен начин, но дека целта е да се избегне трговска војна.
Таа додаде оти се надева дека Трамп ќе го смени мислењето за царината на увоз на челик.
„Трговијата создава богатство кога се заснова на размена и соработка“, вели министерката која индиректно се осврна и на вчера поднесената оставка на Гери Кон, главниот економски советник на Трамп.
„Заговорниците на таква трговија во американската администрација се многу важни. Моменталните сигнали од САД ме загрижуваат“, вели таа.