економија

Меѓународна агенција за енергетика: Ризик од зголемени емисии на метан од нафта и природен гас

Емисиите на метан, кои се намалија за 10 проценти како резултат на забавената економија поради пандемијата од коронавирус (Ковид-19), имаат ризик повторно да се зголемат доколку не се преземат посилни мерки

Nuran Erkul Kaya  | 18.01.2021 - Обновена : 20.01.2021
Меѓународна агенција за енергетика: Ризик од зголемени емисии на метан од нафта и природен гас

ИСТАНБУЛ

Емисиите на метан, кои се намалија за 10 проценти како резултат на забавената економија поради пандемијата од коронавирус (Ковид-19), имаат ризик повторно да се зголемат доколку не се преземат посилни мерки, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според податоците за емисиите на метан 2020, објавени од Меѓународната агенција за енергетика (IEA), емисиите на метан се меѓу најголемите причини за глобалното затоплување.

Минатата година индустријата за нафта и гас испушти 70 милиони тони метан во атмосферата. Оваа бројка беше еднаква на емисиите на јаглерод диоксид од енергетскиот сектор на целата Европска унија.

Од друга страна емисиите на метан од секторот нафта и природен гас се намалија за 10 проценти минатата година. Овој пад се должи на помалото производството на нафта и природен гас заради намалената побарувачка заради епидемијата од вирусот.

Меѓународната агенција за енергетика (IEA) предупредувајќи дека намалувањето на емисиите не се како резултат на мерките преземени од компаниите во рамките на борбата против климатските промени истакна дека емисиите на метан може повторно да се зголемат доколку не се преземат посилни активности.

Фатих Бирол, претседателот на Меѓународната агенција за енергетика, Фатих Бирол истакна дека и да се поправи економијата секторот за нафта и природен гас треба да гарантира дека емисиите на метан нема да се зголемат повторно.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.