Merve Özlem Çakır
16 Јануари 2021•Ажурирај: 18 Јануари 2021
АНКАРА (АА) - Инвестициската програма на Турција за 2021 година, потпишана од претседателот Реџеп Таип Ердоган, содржи над 3.000 проекти за кои се издвоени 138,3 милијарди турски лири, јавува Агенција Анадолија (AA).
Во Службениот весник на Република Турција објавена е Уредбата на претседателот за Програмата за инвестиции за 2021 година и нејзината реализација.
Програмата опфаќа проекти на различни институции, организации во процесот на приватизација, фондови за обнова и организации за социјално осигурување. Во програмата се вклучени проектите на локалната самоуправа.
За проектите кои ги водат јавните институции во 2021 година, вкупно 3.091, се доделени вкупно 138,3 милијарди турски лири.
Од Инвестициската програма за 2021 година, најголем удел од 30,7 отсто од вложувањата има во секторот за транспорт и комуникации.
Уделот на вложувањата во образованието изнесува 14,3 отсто, инвестициите во енергетиката 12,2 отсто, во рударството 10,4 отсто, инвестициите во земјоделството 8,7 отсто и инвестициите во здравството 7,5 отсто. Вкупниот удел во останатите сектори како што се производството, туризмот, домувањето, водата за пиење и канализацијата, технолошките истражувања и животната средина изнесува 16,2 отсто.