економија, Коронавирус

Германската Влада очекува најдлабока рецесија по Втората светска војна

„Ќе ја доживееме најлошата рецесија во историјата на сојузната република“, изјави германскиот министер за економија и енергетика

Bahattin Gönültaş  | 29.04.2020 - Обновена : 30.04.2020
Германската Влада очекува најдлабока рецесија по Втората светска војна

БЕРЛИН (АА) - Германскиот министер за економија и енергетика, Петер Алтмајер, денес изјави дека епидемијата на новиот вид коронавирус ќе ја повлече германската економија во најдлабока рецесија од Втората светска војна, пренесува Агенција Анадолија (AA).

„Ќе ја доживееме најлошата рецесија во историјата на сојузната република“, изјави германскиот министер за економија и енергетика.

Напомена дека германската економија се соочува со интензивни внатрешни и надворешни шокови.

Според него, германската Влада очекува пад на БДП од 6,3 отсто со ефект на мерките преземени да се спречи намалувањето на извозот и ширењето на епидемијата.

Алтмајер рече дека економијата следната година ќе порасне за 5,2 отсто.

„Ако чекор по чекор и пропорционално ги отстрануваме економските и социјалните ограничувања, во вториот дел од годината полека можеме да започнеме со закрепнувањето“, рече германскиот министер.





На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın