Barış Kılıç
29 Април 2020•Ажурирај: 30 Април 2020
АНКАРА (АА) – Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, истакна дека Турција има најниска стапка на смртност од новиот тип коронавирус, Ковид-19 меѓу европските земји, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерот Коџа по состанокот на Научниот комитет за коронавирусот одржа прес-конференција.
Истакнувајќи дека Турција до сега успешно се соочува со оваа епидемија, Коџа рече дека до денешната точка е дојдено со строго спроведување на мерките.
„Кај пациентите на интензивна нега стапката на смртност падна од 58 на 10 проценти, а кај интубираните пациенти стапката на смртност падна од 74 на 14 проценти“, нагласи министерот Коџа.
Наведувајќи дека табелата на дневни податоци за коронавирусот дава надеж рече: „Турција има најниска стапка на смртност од Ковид-19 меѓу европските земји и рангирана е на 80-то место во светот.“
- „Можеме да кажеме дека сме во период на пикот и гледаме дека се наоѓаме во тренд на опаѓање“ -
Како што соопшти турскиот министер бројот на излекувани пациенти во Турција во последните 24 часа е двапати поголем од бројот на новозаразени лица.
„Можеме да кажеме дека сме во период на пикот и гледаме дека тргнуваме во тренд на опаѓање, но важно е тој пад да биде постојан. Ако не се спроведуваат мерките може да дојде до нов бран, но со овие преземени мерки не е можно да има нов пик. Не сугерираме на нови мерки, но исклучително се важни избегнувања на контакти и изолацијата“, истакна Коџа.
Тој исто така рече дека Турција е единствена земја во светот што нуди бесплатна услуга за евакуација со авион на своите граѓани.
Турскиот министер на прес-конференцијата исто така истакна дека во Турција од Ковид-19 заразени се најмалку 7.428 здравствени работници, речиси 6,5 отсто од вкупниот број случаи во земјата.