Ali Cura
23 Септември 2020•Ажурирај: 24 Септември 2020
МОСКВА (АА) - Во Русија во изминатите 24 часа се регистрирани 6.431 нов случај на вирусот Ковид-19, со што вкупниот број на заразени достигна 1.122.241, јавува Агенција Анадолија (АА).
Рускиот центар за контрола и превенција на Ковид-19 соопшти дека во изминатите 24 часа борбата со Ковид-19 ја изгубиле 150 лица и дека вкупниот број на починати е зголемен на 19.799.
Во соопштението се наведува дека во текот на изминатото деноноќие од Ковид-19 се излекувани 5.750 лица, со што вкупниот број на излекувани се зголеми на 923.699.
Се истакнува дека стапката на раст на бројот на заразени и понатаму изнесува 0,6 проценти, додека кај 24,2 од новозаразените станува збор за асимптоматски пациенти.
Руската служба за јавно здравје и заштита на потрошувачите соошти дека од почетокот на пандемијата, на присуство на Ковид-19 направени се 43.600.000 тестирања.
Во Русија првиот случај на заразување е потврден на 31 јануари, а првиот смртен случај на 19 март.