Burak Bir
23 Септември 2020•Ажурирај: 24 Септември 2020
АРДАХАН (АА) - Турски научник изјави дека видови инсекти во источна Турција за кои сметале дека припаѓале на семејство на пеперутки, всушност биле еднодневки, јавува Агенција Анадолија (АА).
Инсектот се појавува секоја година во близина на реката Кура во областа Ардахан.
Ентомологот и член на истражувачкиот тим, Феза Џан, рече: „По испитувањето, утврдивме дека тие всушност не се пеперутки, туку други инсекти кои припаѓаат во редот Ephemeroptera, кои ние ги нарекуваме еднодневки“, изјави таа за АА.
Џан рече дека тие живеат со месеци во близина на мочуриштата. Сепак, кога ќе станат возрасни, повеќето од нив умираат за еден ден.
„Се надевам дека овие инсекти отсега натаму нема да се мешаат со пеперутките“, рече Џан.