Ahmet Furkan Mercan
06 Октомври 2021•Ажурирај: 06 Октомври 2021
ТОКИО (АА) - Јапонскиот производител на автомобили „Мазда мотор“ ќе го прекине производството во своите две фабрики поради проблемите во снабдувањето со полупроводнички чипови, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Производителот со седиште во Хирошима донесе одлука да го прекине производството поради проблемот со снабдувањето со полупроводнички чипови што е присутен на пазарите за електроника и производство на автомобили.
Според оваа одлука, јапонската автомобилска компанија овој месец ќе го прекине производството на 10 дена во своите две фабрики во западниот дел на земјата.
„Мазда“ објави дека по прекинот на производството овој месец, глобалното производство за тековната фискална година, која завршува во март 2022 година, ќе го намали за 100.000 возила.
Според веста што ја објави јавниот радиодифузер НХК (NHK), оваа јапонска компанија кус период ја запре работата на своите фабрики и во јули и во август.