Nuran Erkul Kaya
06 Октомври 2021•Ажурирај: 07 Октомври 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Цената на јагленот во Европа порасна на 275 долари за тон, достигнувајќи го највисокото ниво на сите времиња, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Побарувачката на јаглен, претходно намалена поради преземените мерки против епидемијата на коронавирусот, почна да се зголемува откако економиите почнаа да закрепнуваат.
Поради нерамнотежата во понудата и побарувачката во Европа, покрај природниот гас, и цените на јагленот продолжуваат да рушат рекорди.
На пазарот на јаглен АПИ2 Ротердам, цената на јагленот за ноемвриските договори достигна 275 долари за тон, соборувајќи рекорд.
Минатата година, во ноемвриските договори цената на јагленот изнесуваше 55 долари за тон, оваа година цените се зголемени за 400 проценти.
Цените на јагленот во последниот месец се зголемија за речиси 70 проценти.