економија

Турција со историски висок извоз во САД и Шпанија

Турција минатиот месец го зголеми својот извоз за 30 % во споредба со истиот период во 2020 година, остварувајќи извоз во висина од 20.783.227.000 долари

06.10.2021 - Обновена : 07.10.2021
Турција со историски висок извоз во САД и Шпанија

ИСТАНБУЛ (AA)

- Бурхан САНСАРЛИОГЛУ

Извозот на Турција во Соединетите Американски Држави (САД) и Шпанија во септември достигна историски врв на месечно ниво.

Анализирајќи ги информациите што ги сподели турското Собрание на извозници, новинарот на АА дојде до податокот дека извозот на Турција минатиот месец е зголемен за 30 % во споредба со истиот период во 2020 година, достигнувајќи 20.783.227.000 долари.

Турскиот извоз во САД во септември достигна историски врв на месечно ниво од 1.251.955.000 долари, додека извозот во Шпанија достигна 920 милиони долари.

Така, извозот на Турција во САД во септември е зголемен за 45,6 % во споредба со истиот период минатата година, додека извозот во Шпанија е зголемен за 39,3 %.

САД и Шпанија се и меѓу првите пет земји во кои Турција најмногу извезе во овој период. Во септември првите пет земји во кои Турција реализира најголем извоз беа Германија, САД, Обединетото Кралство, Италија и Шпанија.

Турција извезе 1.555.048.000 долари во Германија, 1.234.062.000 долари во Велика Британија и 953.062.000 долари во Италија.

Во исто време, САД се земја во која Турција го зголеми својот извоз во септември врз основа на вредноста.

На третото место, според зголемувањето на извозот врз основа на вредноста се наоѓа Шпанија. Петте земји во кои Турција има најголемо зголемување на својот извоз во септември врз основа на вредноста се САД со 392.277.000 долари, Белгија со 267.200.000 долари, Шпанија со 259.448.000 долари, Германија со 206.657.000 долари и Италија со 200.048.000 долари.


- Најголема побарувачка за секторот „челик“ дојде од САД, а најголема побарувачка за секторот „готова облека и конфекција“ дојде од Шпанија.

Минатиот месец, секторот за челик оствари најголем извоз во САД. Овој сектор минатиот месец во САД оствари извоз во висина од 203.850.000 долари.
По секторот за челик, според големината на извозот во САД, следуваат автомобилската индустрија со 115.783.000 долари, хемиските супстанции и производи во вредност од 108.358.000 долари, готовата облека и конфекција во вредност од 96.318.000 долари, а во индустријата за теписи во висина од 91.664.000 долари.

Во овој период, најголем пораст на извозот во САД врз основа на вредноста е остварен во секторите за челик, накит, црни и обоени метали, автомобилска индустрија, одбрана и воздухопловна индустрија.

Извозот на Турција на челичната индустрија во САД во септември се зголеми за 158.610.000 долари, додека во автомобилската индустрија зголемувањето изнесува 21.485.000 долари.

Извозот на индустријата за накит во САД се зголеми за 39.997.000 долари, достигнувајќи 84.934.000 долари, извозот на црните и обоените метали е зголемен за 26.277.000 долари и изнесува 59.911.000 долари, додека извозот во одбраната и воздухопловната индустрија е зголемен за 18.641.000 долари, достигнувајќи 80.687.000 долари.

Од друга страна, најголем извоз во Шпанија оствари турскиот сектор за готова облека и конфекција во висина од 294.979.000 долари. По овој сектор следуваат челичната индустрија во висина од 171.918.000 долари, автомобилската индустрија со 137.882.000 долари, индустријата на хемиски супстанции и производи со 79.444.000 долари и секторите за железо и обоени метали со 43.183.000 долари.

Во септември, најголем пораст на извозот во Шпанија врз основа на вредносна остварија индустријата за челик, готовата облека и конфекција, црните и обоените метали, текстилот и суровините, рударските производи.

Извозот на челичната индустрија во Шпанија е зголемен за 138.262.000 долари, индустријата за готова облека и конфекција го зголеми извозот за 31.197.000 долари, а извозот на црните и обоените метали е зголемен за 28.308.000 долари.

Секторот за текстил и суровини го зголеми извозот во Шпанија во септември за 12.475.000 долари, достигнувајќи 35.343.000 долари, а извозот на рударски производи се зголеми за 12.426.000 долари и изнесува 32.366.000 долари.


- Во САД и Шпанија најмногу извезуваат компаниите од Истанбул

Споредувајќи го извозот според областите во Турција, компаниите од Истанбул во септември остварија најголем извоз во САД и Шпанија. Во наведениот период, компаниите од Истанбул во САД остварија извоз во висина од 515.273.000 долари, додека извозот во Шпанија изнесува 427.151.000 долари.

По Истанбул, турски области кои остварија извоз во САД се Газиантеп со извоз од 100.615.000 долари, Коџаели со 92.912.000 долари, Бурса со 92.491.000 долари и Измир со 92.435.000 долари.

Областа Бурса во Шпанија оствари извоз во висина од 122.898.000 долари, Измир извезе производи во висина од 69.919.000 долари, Хатај во висина од 63.558.000 долари, а извозот на областа Коџаели изнесува 59.448.000 долари.


Земјите во кои Турција оствари најголем извоз во септември 2020 и во септември 2021 година се:


Период 1 - 30 септември
ЗЕМЈА   2020 (илјада $)      2021 (илјада $)      ИЗМЕНА (%)   
ГЕРМАНИЈА1.348.390,651.555.048,1315,3 %
САД859.678,541.251.955,9045,6 %
В.БРИТАНИЈА1.106.248,221.234.062,5811,6 %
ИТАЛИЈА753.013,89953.062,6526,6 %
ШПАНИЈА660.555,30920.003,9139,3 %
ИРАК686.053,54853.663,0724,4 %
ФРАНЦИЈА671.898,92651.285,40-3,1 %
БЕЛГИЈА307.720,51574.921,0386,8 %
РОМАНИЈА405.533,04573.424,2041,4 %
ХОЛАНДИЈА401.010,01547.013,7236,4 %


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın