Stipe Majic,Sanela Crnovrsanin
29 Мај 2021•Ажурирај: 31 Мај 2021
ЗАГРЕБ
Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) даде помош за опремување на Домот за стари лица „Ксавер“ во хрватскиот главен град Загреб, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на ТИКА, обезбедена е помош во опрема во вредност од околу 39.000 евра за грижа на старите и болни лица.
Во соопштението се наведува дека во овие рамки, донирани се професионална машина за перење, лифт за капење на пациенти во лежечка положба и кревети.
Директорката на Домот за стари лица, Сњежана Бубеник, во своето обраќање на церемонијата нагласи дека оваа поддршка ќе ја олесни работата на вработените во Домот за стари лица.
Таа упати благодарност до Турција и турскиот народ, истакнувајќи дека оваа поддршка ќе биде еден од показателите на пријателството помеѓу Турција и Хрватска.