Dzihat Aliju,Furkan Abdula
07 Април 2023•Ажурирај: 09 Април 2023
СКОПЈЕ (АА) - Министерот за култура и туризам на Туркије, Мехмет Нури Ерсој, во рамки на посетата на Северна Македонија присуствуваше на ифтарска вечера во Скопје организирана од страна на Дирекцијата на Турците во странство и сродните заедници (YTB) со поддршка на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), јавува Анадолу.
На ифтарската вечера организирана во хотел во Скопје покрај турскиот министер Ерсој, присуствуваа амбасадорот на Туркије во Скопје, Хасан Мехмет Секизќок, претседателот на ТИКА, Серкан Кајалар, претседателот на ЈТБ, Абдулах Ерен, како и претставници на турските организации и институции во земјата, политичари, бизнисмени и други поканети гости.
Ифтарската програма започна со читање на делови од светата книга на муслиманите, Куранот.
Ерсој имаше свое обраќање пред почетокот на ифтарската вечера.
По организираниот ифтар, присутните се фотографираа со турскиот министер Ерсој.
Инаку, министерот за култура и туризам на Туркије, Мехмет Нури Ерсој, во рамки на посетата на Скопје оствари билатерална средба со министерката за култура на Северна Македонија, Бисера Костадиновска-Стојчевска.
Во фокусот на средбата беше новиот Договор за културна соработка меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Туркије, кој во името на двете влади го потпишаа министрите Костадиновска-Стојчевска и Ерсој.
Турскиот министер, исто така, во рамки на посетата на Скопје свечено ја отвори џамијата „Султан Мурат“, која беше реставрирана од Турската агенција за соработка и координација (ТИКА).