Abdula Berisha
23 Јуни 2019•Ажурирај: 23 Јуни 2019
СКОПЈЕ (АА) - Во Собранието на Северна Македонија започна дијалогот „Жан Моне 2“, кој има за цел да го подигне нивото на дијалогот меѓу власта и опозицијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Слично како и минатата година, процесот е потпомогнат од европратениците Едуард Кукан, Кнут Флекенштајн и Иво Вајгл, кои придружувани од шефот на мисијата на ЕУ во Скопје, Самуел Жбогар, остварија состанок со претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Потоа се одржа друг состанок на кој што учествуваа и пратеници од политичките партии застапени во Собранието, каде вкупно се вклучени осум страни: Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ), Демократската унија за интеграција (ДУИ), Алтернатива, Демократската партија на албанците (ДПА), ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, како и независната пратеничка група која се издвои од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
На агендата објавена од Собранието на Северна Македонија, стои дека теми на дијалогот ќе бидат: Собранискиот деловник, безбедноста на институцијата Собрание како и финансиска независност на оваа институција.
Во недела е најавена заедничка прес конференција на претседателот на собранието, Талат Џафери, и европратеникот Иво Вајгл, како и заедничка вечера на европратениците и претседателите на политичките партии.