Andjelija Stojkovic
23 Јуни 2019•Ажурирај: 24 Јуни 2019
БЕЛГРАД (АА) - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Белград најави дека пред нова година со српската премиерка Ана Брнабиќ и министерот за финансии, Синиша Малин, ќе направи нов предлог за најголемиот инвестициски план вреден помеѓу 5 и 10 милијарди евра, јавува Anadolu Agency (АА).
Вучиќ рече дека со тие средства треба да се завршат капиталните инвестиции, меѓу кои и метрото во Белград и целосното завршување на Коридорот 10, што подразбира и железнички коридор.
Тој истакна дека со овој инвестициски проект растот може да надмине 5 или 6 отсто.
Вучиќ за новинарите во Белград изјави дека српскиот буџет треба да биде во суфицит.
Тој додаде дека кога станува збор за гасоводот, сѐ се одвива според планот.
Вучиќ, говорејќи за Косово, рече дека не е среќен што нема средба во Париз, но и дека и порано говорел дека Приштина нема да ги повлече таксите за српската стока.
Тој додаде дека се разгледуваат контрамерки против таксите од Приштина, но дека мора внимателно да биде разгледано како овие мерки ќе се одразат на Србите во Косово.