Vesna Besiç
22 Јуни 2019•Ажурирај: 24 Јуни 2019
САРАЕВО (AA) - По повод смртта на првиот демократски избран египетски претседател Мухамед Морси, пред зградата на египетската Амбасада во Сараево, одржан е мирен собир на Еѓипќаните и граѓаните на главниот град на Босна и Херцеговина, јавува Anadolu Agncy (AA).
Собраните граѓани ја критикуваа актуелната воена власт во Египет, а потоа мирно шетаа од Гази Хусреф-беговата џамија до центарот на градот. Носеа и транспаренти со ликот на Мухамед Мурси и со знакот „Рабиа“.
Во текот на прошетката со транспаретни е носен празен ковчег покриен со египетско знаме како симбол на носење на телото на Мухамед Морси поради одлуката на актуелните египетски власти да не се одржи јавно неговиот погреб.
Собраните порачаа дека на овој начин изразуваат поддршка на египетскиот народ, а воедно и спротивставување и остро осудување на „актуелниот режим поради кршење на основите човекови права“.
„Врвот на спомнатото нечовечко постапување и диктаторско однесување на режимот кон првиот и досега единствен легално избран претседател Мухамед Морси ја предизвикало неговата неочекувана смрт на 17 јуни, откако шест години невин бил во затвор. Потврдено е дека повеќе од десетпати се обиделе да го усмртат д-р Мухамед Морси со недавање лекови, несоодветно лекување дури и на сопствен трошок, и подметнување отров преку храна за што и тој самиот повеќепати ги предупредувал судиите во текот на монтираниот процес“, нагласија собраните пред египетската амбасада во Сараево.
Потсетија дека повеќе од 550 лица, кои неосновано биле во египетските затвори, доживеале смрт под сомнителни околности.
Фарид ал Зајат, претседател на Египетската унија во Босна и Херцеговина, потсети дека претходно овој месец почина првиот демократски избран египетски претседател Мухамед Морси.
Како што рече, почина во такви околности поради кои се смета дека е убиен.
„Се собравме да изразиме спротивставување на режимот кој го убива својот народ“, рече Зајат, наведувајќи дека има многу факти кои говорат дека смртта на Морси е предизвикана.
Истакна дека на овој начин изразуваат и поддршка на египетскиот народ.
Меѓу собраните беше и Ала Елдин Саед, кој рече дека се собрале за да покажат дека се на страната на правдата.
„Ние сме против власта која го уби нашиот претседател. Полека го убиваа, не почина со природна смрт. Тој секогаш се бореше за нашата слобода и нашите права“, изјави Саед, кој во БиХ живее повеќе од 20 години.
Како што рече, во Египет не смее да влезе. Саед смета дека на денешниот собир би требало да има повеќе лица, но дека поради страв повеќемина не се појавиле.
Единствениот демократски избран претседател на Египет, Мохамед Морси, погребан е пред неколку дена во Каиро.
Морси е погребан на гробиштата во кои се погребани угледни лица и следбеници на „Муслиманското братство“.
Првиот демократски избран претседател на Египет, Мухамед Морси, почина во судница. Според наводите на египетската државна телевизија, Морси го загубил животот откако претходно ја загубил свеста во судницата.
На Морси, на ова рочиште му се судеше за „шпионажа“. Се соочуваше со неколку обвиненија откако е соборен и затворен во воен удар во 2013 година.