Балкан

Прошетка на амбасадорите низ Скопската чаршија, промовирани знаменитостите на градот

„Сакам да ја искористам оваа можност да кажам дека луѓето, граѓаните, треба да бидат горди за тоа што направивме, за најдобриот можен извештај што го добил нашата земја од Европската комисија“, рече Османи

Abdula Berisha  | 22.06.2019 - Обновена : 23.06.2019
Прошетка на амбасадорите низ Скопската чаршија, промовирани знаменитостите на градот (Foto: Abdula Berisha/ AA)

СКОПЈЕ (АА) - Амбасадорите на повеќе земји, вклучувајќи ги Европската Унија (ЕУ) и САД, организираа туристичка прошетка низ Старата скопска чаршија под водство на Секретаријатот за европски прашања на Северна Македонија и Град Скопје, јавува Anadolu Agency (AA).

Пред почетокот на прошетката, пред присутните се обратија вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, и заменик-градоначалникот на град Скопје, Енвер Малиќи.

Османи нагласи дека во последните денови во фокусот на јавноста била анализата на заклучоците од Советот на ЕУ, на кој Северна Македонија не доби датум за започнување на преговорите, и дека нивните очекувања, како и очекувањата на народот, биле други.

„Сакам да ја искористам оваа можност да кажам дека луѓето, граѓаните, треба да бидат горди за тоа што направивме, за најдобриот можен извештај што го добил нашата земја од Европската комисија“, рече Османи, додавајќи дека одлуката за утврдување на датумот за преговори треба да се донесе во октомври.

Заменик-градоначалникот на град Скопје, Малиќи, изрази задоволство што е домаќин на оваа прошетка, како што рече, во најубавиот дел на Скопје.

„Особено сум задоволен што заедно ќе имаме можност да го видиме нашиот град, како што имавме и порано. Да го видиме како привлечна туристичка дестинација, како и главен град на идна земја членка на ЕУ“, додаде Малиќи.

Потоа, високите претставници со дипломатскиот кор ја посетија Старата скопска чаршија, каде што најпрвин поминаа на плоштадот „Скендербег“. Групата беше придружувана од туристички водич, кој зборуваше за историјата на монументите кои ги посетија.

Амбасадорите посетија и бројни монументи од османлискиот период, вклучувајќи ги „Сули ан“, „Капан ан“, Безистенот, и имаа можност да дознаат повеќе за историјата на монументите кои се наоѓаат во Чаршијата.

На крај, амбасадорите седнаа во кафуле во Старата скопска чаршија.

Организаторите нагласија дека целта на оваа прошетка организирана под мотото „Скопје на мапата на Европа“, е да се промовира главниот град на Северна Македонија како туристичка дестинација.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.