Admir Fazlagic
14 Јануари 2021•Ажурирај: 15 Јануари 2021
СКОПЈЕ
Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 396 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 87.986, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од коронавирусот во последното деноноќие починаа 15 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 2.672.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 442 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на излекувани изнесува 69.137.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 е 16.177.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.192 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 425.888 тестирања.