Furkan Abdula
24 Март 2022•Ажурирај: 25 Март 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатите 24 часа во Северна Македонија регистрирани се 281 нов случај на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 304.326, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Пријавени се 3 починати лица од Ковид-19, со што билансот на смртни случаи во земјата достигна 9.191.
Институтот за јавно здравје регистрира 285 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 293.171.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 1.964.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 2.275 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.946.588 тестирања.