Zülfiya Yakup
22 Јануари 2019•Ажурирај: 22 Јануари 2019
ПРИШТИНА (AA) – Стотина рудари кои повеќе од шест часа биле блокирани во рудникот Стари град на комбинатот „Трепча“, поради дефект на главниот трансформатор во Митровица, излегле на површина по привремено вклучување на струјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Синдикатот на рударите на „Трепча“, Шукри Садику, за АА потврди дека 110 рудари биле блокирани повеќе од шест саати во рудникот, поради хаварија која се случила на главната трафостаница во Бизнис-паркот во Митровица, но дека никој од рударите не бил животно загрозен.
Садику изјави дека струјата е приклучена со алтернативни врски, дека сите рудари излегле од рудникот и дека се во добра состојба.