Mustafa Melih Ahıshalı
04 Мај 2017•Ажурирај: 04 Мај 2017
ТЕХЕРАН (АА) - Во несреќа во рудник за јаглен во иранскиот град Азаршахр, во северниот дел на иранската покраина Голестан, загинаа 35 рудари кои останаа затрупани под урнатините по експлозијата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што пренесува Работничката новинска агенција на Иран (ILNA), иранскиот министер за труд и социјална безбедност, Али Реби, потврди дека загинале сите рудари кои останаале затрупани под урнатините.
„За жал, загинаа сите рудари кои останаа под урнатините“, рече Реби.
Досега, под урнатините извадени се телата на 21 настрадан рудар.
Началникот на Одделението за спасување при Црвената полумесечина, Шахин Фетхи, претходно изјави дека од 40-те работници кои останале под земја, успеале да спасат шестмина кои се здобиле со повреди.
Неименуван претставник на покраината Голестан претходно изјави дека експлозијата е предизвикана од истекување на гас.