Bekim Laci
22 Јануари 2019•Ажурирај: 23 Јануари 2019
СКОПЈЕ (АА) - Премиерот на Македонија, Зоран Заев, денес го презентираше, како што рече, најголемиот инвестициски циклус во изградбата на патната инфраструктура кој ќе се реализира во текот на 2019 година, јавува Anadolu Agency (AA).
На прес-конференција, заедно со вицепремеирот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китаров, Заев нагласи дека со започнувањето на градежната сезона ќе се забрза рехабилитацијата или изградбата на најголемиот дел на патната инфраструктура, во вредност од 1 милијарда и 270 милиони евра
Заев рече дека се работи за големи инвестиции во изградба на нови патишта, но и на санирање на постоечката патна мрежа во должина од 770 километри, при што населените места и граѓаните ќе се поврзат меѓусебно со безбедни патишта кои се и предуслов за економски развој.
Заев, укажувајќи на Автопатот Кичево - Охрид, рече дека се решени споровите, чие комплетирање ќе донесе корист за туризмот и еднаков регионален развој. Се осврна и на Автопатот Миладиновци - Штип, кој наскоро ќе се пушти за сообраќај, како и на Автопатот Скопје - Блаце, кој ги поврзува главните градови на Македонија и Косово.
„Во 2019 година започнуваме со изградба и на нов автопат Скопје-Блаце со кој Република Македонија добива конекција со нашиот сосед Косово. Патувањето од Скопје од Приштина ќе се скрати од 1,5 фо 2 саата на 45 минути. Трговската размена со Косово достигна вредност од половина милијарда евра, а ново автопатско решение ќе биде од огромен придонес за зголемување на економската соработка и за намалување на транспортните трошоци и времето на транспорт за компаниите“, додаде Заев.
Министерот за транспорт и врски на Македонија, Горан Сугарески, даде детално објаснување за сите проекти за изградбата на патната инфраструктура во должина од над 770 километри, и нагласи дека откриените детали ја прават Македонија едно големо градилиште во кое се вклучени речиси сите општини.
Сугарески нагласи дека членството во НАТО ќе се случи наскоро и дека приближувањето кон конечната цел, членството во ЕУ, прави Македонија да ги исполни највисоките меѓународни стандарди во областа на патната инфраструктура.
„Полноправното членство во НАТО Алијансата, приближувањето до конечната цел во ЕУ нѐ обврзува да ги следиме и да ги исполниме стандарди во делот на патната инфраструктура. Тоа е основниот предуслов за долгорочен и стабилен економски развој на земјата. Изгардба на модерни и квалитетни патишта е неопходна за олеснување трговијата и транспортот и интегрирање на земјата во регионот. Македонија тргнува незапирливо напред, влегуваме во циклус на непрекинат развој и создавање на трајни вредности во нашето општество“, истакна Сугарески.
Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов, рече дека законските и финансиските процедури се регулирани за вкупно 39 патни оски и дека работите можат да започнат веднаш штом ќе дозволат климатските услови.